Товарен авион на FedEx мораше принудно да слета на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти во Њу Џерси во саботата наутро поради пожар во моторот. Подоцна беше откриено дека причината за пожарот е тоа што авионот удрил во птица при полетување.
Пламените јазици избувнале само неколку минути по полетувањето, а се уште не е познато колку пожарот го оштетил авионот. Инцидентот ќе го истражува Федералната управа за авијација, пишува Пач.
На интернет се појавија неколку видеа на кои се гледа запален Боинг 767-3S2F.
„Екипажот прогласи вонредна состојба и безбедно се врати во Њуарк. Благодарни сме за брзата акција на екипажот и првите екипи“, рече портпаролот на FedEx.
Очевидци рекоа дека слушнале силна експлозија, а во авионот кој летал ниско се гледале оган и чад. Авионот успешно слета само девет минути по полетувањето, а пожарникарите го изгаснаа пламенот на пистата на аеродромот.
Во несреќата нема повредени, а воздушниот сообраќај превентивно е накратко во прекин.
Црна серија на авионски несреќи
Овој инцидент е само последен во серијата авионски инциденти што ги погодија САД во изминатите неколку недели. Во вторникот, авион на аеродромот во Чикаго Мидвеј за влакно избегна катастрофален судар со друг приватен авион кој во тој момент полетувал од пистата.
Еден ден претходно, авион на „Делта ерлајнс“ за Јужна Каролина мораше да се врати во Атланта поради чад во кабината.
Во јануари, авион на Американ ерлајнс со 60 патници и четворица членови на екипажот се судри со воен хеликоптер во близина на Вашингтон. Сите загинале во несреќата.
Неколку дена подоцна, медицински транспортен авион со пациентка, нејзината мајка и уште четворица се урнал во населба во Филаделфија веднаш по полетувањето и експлодирал.
Video captures the moment the FedEx cargo plane safely lands back at Newark Airport, Initial reports claim that a bird strike caused engine to catch fire.
— PressTV Extra (@PresstvExtra) March 1, 2025
Follow Press TV on Telegram: https://t.co/RuQCIFXwdR pic.twitter.com/udYUwXiE5q