Македонка порачала од Тему, кога стигнал производот се разочарала и решила да се пожали – одговорот од компанијата ги изненади сите

Една девојка решила да ја направи својата прва порачка од популарната интернет продавница Тему и да види што ќе се случи.

Таа нарачала производ што и се допаднал и кој чинел околу 700 денари, но кога пратката пристигнала била разочарана, па решила да се пожали.

Имено, Ивана, најпрво се пожалила дека производот што пристигнал бил со погрешна боја и величина, а бил и оштетен.

И како што пишува оваа девојка таа го пријавила случајот во Тему, а одговорот што го добила ја оставил без зборови.

Наводно, од Тему и порачале дека ќе и ги вратат парите што ги дала за производот, но и дека не треба да го врати истиот.

Нејзиното искуство предизвика големо внимание на Фејсбук групата во која што таа го сподели, па многумина коментира дека Тему не бара да им се вратат производите доколку дошло до грешка, но само во случај ако станува збор за роба која не е премногу скапа, најверојатно до одредена цена, и ако грешката е направена од нивна страна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде