Во 13.10 часот во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила во која била повредена жена.
Сообраќајката се случила на на ул.„Антон Попов“ во Скопје каде „тојота“ со скопски таблички
управувана од 56-годишниот Н.Г. се судрило со „пежо“ исто така со скопски таблички управувано од 49-годишната Т.Б.С.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.