Тешка сообраќајна несреќа, 20-годишна девојка пренесена во болница
На 28-ми февруари 2025 година, во 02:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, на излез од селото Ново Село,
општина Дебрца, патнички автомобил „Фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, што го управувала 20-годишна девојка од Охрид, излетал од коловозната лента и паднал во канал.
– По незгодата, повредената со друго возило е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и’ се констатирани телесни повреди, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид