Убава вест за овие луѓе: Проверете ги сметките, денеска ќе добиете прилив

Согласно законските регулативи пензиите се исплаќаат првиот работен ден наредниот месец.

Овој пат првите денови се неработни, па така февруарската пензија согласно законот би била достапна на 3 март.

Некои македонски банки пензиите ги исплаќаат предвреме.

Добра вест за пензионерите доаѓа во април затоа што мартовската пензија се очекува да биде повисока линеарно за сите пензионери за уште 2.500 денари.

Шпаркасе Банка на својата фејсбук страница ги извести своите корисници дека порано ќе им бидат исплатени пензиите.

Ве известуваме дека пензиите за месец февруари 2025 година ќе се исплатат на 01.03.2025 година, за сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка, без разлика на висината на пензијата.

Доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат, Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од над 90 банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде