Основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ почина вчера, на 71-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Покојниот креативен директор на Гранде се лекувал во онколошкиот институт Густав Руси во Вилезиф, предградие на Париз, каде ги помина последните денови, опкружен со своето семејство и најдобриот тим лекари.
Овогодинешната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започна во септември 2024 година, но за прв пат без Саша Поповиќ. Него го замени водителот Воја Недељковиќ, но цело време се консултираше со директорот иако не бил тука.
Поповиќ бил свесен за сите настани што се случуваат на снимањето, па ја следел емисијата и и давал инструкции на екипата и покрај неговата лоша здравствена состојба.
Поради смртта на естрадниот маг и творец на најгледаниот ТВ-формат, синоќешната епизода на „Ѕвездите на Гранд“ била откажана и не се емитувала на Телевизија Пинк.
Гранд продукција исто така го откажала и сите снимања на емисијата за следната недела.
Детали за местото и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.