Неодамна објави дека се враќа на снимањето на музичкиот натпревар
Саша Поповиќ почина вчера во Париз на 70-годишна возраст, опкружен со сопругата Сузана и потесното семејство. Саша Поповиќ ја загуби битката со ракот, поради што последниве месеци се повлече од очите на јавноста и побара помош во една француска клиника.
Тој се лекуваше од рак во една од најдобрите клиники во Европа, но за жал, немаше лек. Инаку, како што дознава Телеграф, Поповиќ помалку од една година водел жестока битка со една од најопасните и подмолни болести, ракот на желудникот.
Основачот и креативен директор на „Ѕвезда Гранда“ се лекувал прво во Белград, а потоа и во една од најпознатите клиники за овој вид на болест во Франција.
За жал, и покрај големите напори на лекарите и неговата лавовска борба, болеста победи. Инаку, неговата здравствена состојба од летово нагло се влошила и повеќе не учествувал во снимањето на емисиите.
Вики Миљковиќ учествуваше во емисијата посветена на Саша Поповиќ, каде зборуваше за нивната последна средба, но и за деталите oд кои сега и е многу тешко.
– Тој беше мој голем другар и пријател на моето семејство. Голем човек, неповторлив, се нема родено некој што може да го замени. Бевме во постојан контакт. Се слушнавме пред пет-шест дена, бевме кај него и кај Сузана. Не замоли да дојдеме. Последен пат кај нас дојде на 6 јануари. Потоа дошол со Сузана и децата и во еден момент сам отиде во една автомобилска компанија – открила Вики.
– Мислев дека одењето во Париз ќе има позитивен епилог. Ми кажа дека доаѓа на следното снимање и затоа го откажав концертот мислејќи дека доаѓа и тој, но за жал тоа не се случи. Пред три дена му испратив порака на која никогаш не добив одговор – рекла Вики, по што се расплака во програмата во живо.