Пејачката Енџи Стоун, позната како ко-основач на хип-хоп триото The Sequence и чо соло R&B хитови како „Wish I Didn’t Miss You“, почина на 63-годишна возраст.
Нејзиниот ПР претставник во изјава потврди дека Стоун починала во саботата на 1 март,
а според информациите кои ги објави TMZ, таа изјавила дека пејачката загинала во сообраќајна несреќа по настапот во Алабама.
Веста за смртта на мајка и ја потврди и нејзината ќерка Лејди Дајмонд, која во саботата на Фејсбук напиша: „Мајка ми ја нема“.