– Бројни корисници на мобилните апликации како Телеграм и Вибер денеска известуваат за добивање на пораки за верификација на нивните податоци, барање на податоци од дебитни картички или сим ИМЕИ броеви.
Апелирам да се проверуваат испраќачите на овие пораки и во ниеден случај да не се споделуваат лични информации и банкарски броеви
(број на лична карта, трансакциска сметка, број на кредитна картичка), соопшти министерот за дигитализација Стефан Андоновски.
– Безбедноста на сите нас зависи од секој од нас!, порача Андоновски.