„Го отвориле ковчегот и дури му се гледа главата на Зоки. Во ковчегот имаше несесер, кој го отвориле“ – вели внукот на Зоки за ММС

Попладнево бил откопан гробот на скоропочинатиот Зоки Фаци.

За ова преку својот Фејсбук профил се огласи неговиот пријател Стефан Лазаров, кој што објави фотографии од откопаниот гроб:

„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи…

Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!

Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…“

ММС го контактираше со неговиот внук Дарко, кој потврди дека ваков монструозен чин е направен ноќеска на гробиштата во Катланово, каде е погребан Зоки.

-Ние саботата и неделата бевме на гробишта и немаше ништо. Пред неколку часа кога ни се јавија луѓе од Каланово дека гробот е откопн се шокиравме. Искршена од страните е плочата, искршени се вазните. Копале во гробот, го отвориле ковчегот и дури му се гледа главата н Зоки. Во ковчегот имаше несесер, кој го отвориле.

А што може да има во несесерот, освен работите што се ставаат од адетите. Најверојатно барале злато! Ама кој става злато во гроб, само часовникот му го ставиме, кој не е ни златен. До тоа ли им дојде? И починат не го оставаат на мир. Не ми е јасно зошто го прават ова, вели Дарко во изјава за ММС.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде