Славчо Попоски ја објави најновата временска прогноза – еве што не очекува во следниот период

Под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, од утре (среда 5 март) па се до крајот на оваа недела ќе имаме голем пораст на температурите и тие ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината.

Времето ќе биде сончево, освен за викендот кога ќе има појава на умерена облачност. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во Скопскиот регион ќе имаме многу слично време, односно сончево и значително потопло, за време на викендот ќе има појава на умерена облачност.

Што се однесува до температурите, максималните дневни од утре (среда 5 март) ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, додека во Скопје таа ќе се искачи до околу 21 степен.

Уживајте во преубавите сончеви и пролетно топли денови кои се пред нас, иако календарски сме сеуште зима.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде