Страотна сообраќајна несреќа, едно лице го загуби животот

Охриѓанка на возраст од 81 година го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на автопатот Тетово-Гостивар.

Според информациите од СВР Тетово, во несреќата две лица се здобиле со тешки повреди.

До сообраќајката дошло кога се судриле две возила од кои едното Peugeot управувано од 47-годишен охриѓанец, а зад воланот на вториот автомобил – Mercedes со словенечки национални ознаки – седел 19-годишник од Гостивар.

Жената која била сопатничка во пежото загинала на лице место, а тешко повредените се возачот од истото возило, како и уште еден сопатник – сите од Охрид.

АМСМ претходно соопшти дека сообраќајот е затворен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде