Трагедија попладнево: Едно лице загина, а две се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа

Едно лице загина а две се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случиа попладнево на автопатот Тетово-Гостивар.

Според информациите, загината е 81-годишна жена, сопатничка во едно од возилата кои учествуваа во несреата.

„Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу клучката кај селото Неготино, се случила сообраќајна незгода помеѓу „Пежо” управувано од Г.В.(47) од Охрид и „Мерцедес“ кој го возел 19-годишниот А.А од Гостивар.

Во незгодата, на самото место на повредите им подлегнала сопатничката од „Пежото“ Д.М.(81) од Охрид, додека со тешки повреди се здобиле возачот В.В.(47) и сопатникот С.В.(69) од Охрид“, информираат од МВР.

Поради несреќата, сообраќајните ленти од магистралниот пат од Тетово кон Гостивар од клучка за с.Неготино се во прекин и сообраќајот се пренасочува по населените места.

Увид на местото врши екипа на полицијата, заедно со јавен обвинител.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде