Уште една тажна вест: Почина познат актер, пријателите се простуваат од големиот уметник

Актерот почина по долго боледување.

Комичарот Џорџ Лоу почина на 67-годишна возраст.

Лоу е најпознат како гласот на Space Ghost во анимираната серија Space Ghost Coast to Coast.

Во објава на Фејсбук, долгогодишниот пријател и новинар Марвинс Бун откри дека Лоу починал по долго боледување.

– Целосно сум скршен. Мој брат и најдобар пријател над 40 години, Џорџ Лоу, почина по долго боледување. Почина и еден дел од мене. Тој беше исклучително талентиран уметник и гласовен актер.

Вистински гениј со топло срце. Најсмешниот човек на светот. Со години му ги крадам шегите. Тој беше гласот на Space Ghost и многу повеќе – напиша од Марвинс Бун.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде