Уште едно дете заврши на Клиника – испило отров за глувци

Според директорот на Детската клиника, е втор случај во последните неколку дена што биле пријавени во Клиниката за детски болести. Така, пред неколку дена дете од Прилеп е донесено откако изело отров за глувци

Петгодишно дете од делчевското село Триботивиште е хоспитализирано на Детската клиника во Скопје откако во својот дом испило неколку апчиња. Детето доцна синоќа е примено во болница, каде е детоксицирано и денеска се наоѓа во стабилна состојба, информираат од Клиниката за детски болести во Скопје.

Директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди во изјава за ТВ Канал 5 вели дека детето испило таблети „санвал‘, што се седатив хипнотик.

„Направени се сите потребни испитувања. Детето е стабилно“,рече тој.

Ова, според директорот, е втор случај во последните неколку дена што биле пријавени во Клиниката за детски болести. Така, пред неколку дена дете од Прилеп е донесено откако изело отров за глувци.

„Од направените анализи се утврди дека има пореметувања во коагулацијата. Дадена е терапија. Сега е во стабилна состојба и веќе од денеска ќе може да си оди дома“,вели д-р Мемемди.

Од Клиниката за детски болести велат дека во текот на една недела имаат минимум по два случаи на труење кај деца со апчиња, корозивни средства и други хемикалии.

Апелираат до возрасните да внимаваат лековите и токсичните средства да не бидат на дофат на деца.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде