УЖАС: Огромна гранка од дрво падна врз дете, има повреди на главата и фрактура на нога

Малолетно дете е повредено предмалку во Карпош откако се откорнала голема гранка од дрво, објави Слободен печат.

Несреќата се случила на тревна површина зад трговскиот центар Лептокарија, на улицата Карпошово востание.

Детето се здобило со повреди на главата, а има и фрактура на нога.

Слободен печат побара информација од МВР, но оттаму засега нема одговор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде