Инфомакс од свои извори високо во структурите на ВМРО-ДПМНЕ дознава дека пред неколку дена е натепан пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
Според информациите на Инфомакс веќе подолго време растат тензиите во Општинскиот Комитет во Прилеп поради огромните несогласувања околу тоа кој треба да биде кандидат за градоначалник за престојните локални избори.
Информациите на Инфомакс велат дека речиси е сигурно дека Борче Јовчевски нема да се кандидира за втор мандат поради нискиот рејтинг и неуспехот да ја реализира својата предизборна програма.
Најсериозни кандидати во моментов се поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески кој во моментов е заменик министер за економија, а негов најсериозен конкурент е досегашниот претседател на Општински комитет и пратеник во Собранието на Република Македонија, Дејан Продановски.
Информациите за Инфомакс говорат дека Продановски е фаворизиран од долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески попознат под прекарот Пеката. И двајцата се неомилени помеѓу членството поради ароганцијата и наводите за корупција пред се при партиски вработувања, односно поради тврдењата дека земале пари од членовите на ВМРО-ДПМНЕ за истите да ги вработат по државни институции.
На еден од последните состаноци на Општинскиот комитет во Прилеп, Пеката соопштил дека токму Продановски ќе биде кандидат за градоначалник на престојните избори и дека нема да дозволи никој друг да конкурира за оваа позиција.
Ова наишло на огромно негодување од членството на ВМРО-ДПМНЕ кое кон Пеката и Продановски гледа како обични опортунисти без идеологија.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор: Инфомакс