Најнова вест: Се урна авион, полетал од Бања Лука

Мал авион, кој полетал од аеродромот во Бања Лука, а дестинација бил аеродромот во Зел ам Зе, Австрија, се урна вчера околу 13 часот и 30 минути во близина на аеродромот.

Во несреќата загинал пилотот.

Во авионот кој се урнал на ливада бил само пилотот, а немало пожар на леталото.

Се уште не се познати точните околности на несреќата, како и информации за пилотот, пренесува ОЕ24.

Според информациите на flightaware.com, последниот контакт со авионот бил остварен во 55. минута од летот, некаде над градот Халег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде