Потресни детали за трагичната несреќа која однесе два човечки животи

Мајка и нејзината ќерка на возраст од околу 18 години заедно изгореле во автомобил кој се запалил по сообраќајна несреќа во населбата Мала Босна кај Суботица.

Се дознава дека починатите биле мајка и ќерка од Тавнут. На влезот во населбата Мала Босна од правец на Суботица се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

На местото на несреќата брзо пристигнале возила на брза помош, пожарникари и полиција, кои укажале помош на повредените и го изгаснале пожарот.

Полицијата соопшти: Возачот на другото возило бил под дејство на алкохол

До несреќата дошло кога маж (52) управувајќи „пасат“ поради непрописна брзина изгубил контрола над возилото и удрил во возило „фиат панда“ што се движело пред него.

По судирот двете возила се превртеле на покривот, а Фиатот се запалил.

Утврдено е и дека го управувал „пасатот“ со присуатвк на алкохол во крвта од 2,07 промили и по наредба на Основниот јавен обвинител во Суботица против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Две лица од Фиатот починале на местото на настанот, додека мажот и неговата сопатничка од пасатот се пренесени во болницата во Суботица каде им биле констатирани тешки телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде