Тешка сообраќајна несреќа, сообраќајот на овој патен правец е во прекин
Тешка сообраќајна несреќа утрово во Македонија.
Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин.
Како што извести АМСМ, на излезот од Крива Паланка се случила сообраќајна незгода.
Возилата се пренасочуваат по стариот пат, додаваат од АМСМ.
Не е познато дали има евентуално повредени лица.