Почина југословенскиот актер Љубивоје Павловиќ Љуба, а тажната вест ја потврди и неговиот син.
Љубивоје Павловиќ остана најпознат по улогите во „Жикина династија“ и „Тесна кожа“, а најчесто играше споредни, но забележителни улоги.
– Во 17 часот и 30 минути почина мојот татко Љубивоје Павловиќ.
Тој беше познат како продавач во кожарница во Пожаревац и како југословенски камео актер во повеќе од 20 филмови – меѓу другото се вели во објавата на неговиот син на социјалните мрежи.
Погребот ќе се изврши во сабота во 12 часот на Новите гробишта во Пожаревац, како што информира неговиот син.
