Бензините по полноќ ќе се продаваат по пониски цени, но нема промена кај останаите деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од РКЕ посочија дека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 2,00 денари за литар.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек:
кај бензините за 5,418 отсто, кај дизелот за 3,412 проценти, кај екстра лесното масло е за 3,198 отсто и кај мазутот намалувањето е за 1,854 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3912 отсто – се посочува во соопштението на РКЕ.
Од 8.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин Еуросупер БС – 95 75,00 (денари/литар)
– Моторен бензин Еуросупер БС – 98 77,50 (денари/литар)
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС 43,501 (денари/килограм)
Од РКЕ непоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати, а трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.