Голем шумски пожар вечерва е забележан помеѓу македонските села Маково, Чаниште и Бонче.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за ТВ21 потврдија дека се запознаени со ситуацијата.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели пожарот е во надлежност на локалната противпожарна единица и дека повеќе информации ќе има во текот на ноќта или утре наутро.
Инаку пожарот на Google maps е означен со помош на извештаи од сателити, што овозможува поедноставено следење и контрола на движењето на огнот.