Обилните дождови во последните денови предизвикаа излевање на реките, а луѓето ги зафати сериозна паника.
На некои луѓе им влезе вода во домовите во текот на ноќта, додека други беа зафатени во хаос на патиштата. Надлежните по секоја цена сакаат да ја избегнат катастрофата од октомври минатата година и веќе презедоа драстични мерки
Министерствата за надворешни работи на некои земји ги предупредија своите граѓани да избегнуваат патување во Шпанија, особено во областите погодени од поплавите.
Многу патишта во Кастелон, Гранада и Валенсија се затворени откако во тие градови наврнаа повеќе од 200 литри вода на метар квадратен.
Училиштата се затворени, а поплавите оставија повеќе од 400.000 деца блокирани дома бидејќи немале начин да стигнат до училиште.
Најтешка е ситуацијата на Канарските Острови. Многу реки се излеаа и поплавија патишта.
На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа како поројот ги однесува автомобилите, а луѓето се борат да избегаат од водата додека ги носат своите миленици во раце.
„Тато, колата се лизна“, се слуша како млад човек му вели на својот татко додека се бори со поројниот дожд.
Човек од Гран Канарија стана херој кога ја спасил сосетката од автомобил кој пороен дожд со голема брзина го влечел во провалија.
“Ѝ реков да ја отвори вратата, но таа не можеше. Потоа успеав да ја отворам и таа излезе и се спаси”, изјави локалниот херој за медиумите.