Страотна сообраќајна несреќа, 18-годишно момче итно пренесено во болница

-На 07.03.2025 година во 22.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионален пат Прилеп – Македонски Брод, кај местото викано „Дебрешки мост“,

патничко возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(18) од село Дебреште, прилепско, излетал со возилото од патот.

Во несреќата Е.Е. се здобил со тешки телесни повреди, и поради сериозноста на повредите тој од Градската општа болница Прилеп, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Со телесни повреди се здобил и неговиот 16-годишен сопатник од село Дебреште.

Известен бил надлежен ЈО и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде