Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан кај населбата Рача.
Од засега непознати причини дошло до судир на мотоцикл и автомобил, при што на лице место загинал мотоциклистот.
– На 08.03.2025 година околу 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај кружната крстосница за населбата Рача,
случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(76) од струшкото село Враништа и моторцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(27) од Охрид.
Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на моторциклот констатирал смрт, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.