Доктор Ненад Лазаров се огласи на својот фејсбук профили и напиша:
Има еден лик со иницијали Г.Т. продавач на медицински услуги во Турција,кој прво најверојатно лажно се претставува ко лекар ( некаков си медицински специјалист) а второ бездушно лаже мајки на аутистични деца, церебралчиња и сл. дека со третман со матични клетки во Турција ќе проодат/прозборуваат, дури и гаранции усни дава!
Господине Г.Т. имаш една недела да те снема од овие работи, во спротивно и лична и институционална војна ќе почнам према тебе и ќе те објавам со слики со име со презиме со се!
Не си пријавен дека си измамник зошто ги ловиш на надеж за болно дете а потоа им е срам и страв на луѓето, мене од такви ко тебе ниту ми е срам ниту страв, само ми се гади.
Дома ќе ти дојдеме со камери да те види цела држава!