ВОНРЕДНО: Тешка сообраќајка, овој патен правец е целосно затворен за сообраќај

Кај местото викано Макази вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа.

Според АМСМ патот Ресен-Битола е целосно затворен и возилата се пренасочуваат по статиот пат.

Читатели на 4NEWS.mk испратија информација пак дека стариот пат е во многу лоша состојба и дека таму во моментов има метеж поради тесниот пат.

„Не можат две коли да се разминат, патот е многу тесен со гранки од страните, подобро чекајте и не тргнувајте по стариот пат“, вели наш читател.

Инаку во моментов нема повеќе информации за тешката сообраќајна несеќа.

Извор: 4news.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде