Попладнево избувна пожар над селата Моштица и Саса, на местото викано Далевски Рид, објави Каменица.мк
Според првичните информации од терен, пожарот зафатил сува трева, а постои ризик од негово ширење кон шумските предели.
Пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица се упатија на терен веднаш по добивањето на сигнал од Противпожарната кула во Саса и пријавите од граѓаните. Станува збор за тешко пристапен терен, што дополнително ја отежнува интервенцијата.
Командирот на единицата информира дека четворица пожарникари активно работат на спречување на ширењето на огнот кон блиските шумски предели.
Според првичните проценки, не е исклучена можноста, пожарот да настанал на бугарска територија, но потврда за тоа ќе следи по дополнителни анализи на теренот и со нормализирање на состојбата.
Олеснителна околност е тоа што поголем дел од просторот, околу пожарот, е прекриен со снег, што би требало значително да го отежне ширењето на истиот.
Ситуацијата се следи внимателно, а Територијалните противпожарни единици од Македонска Каменица и надлежните служби остануваат во готовност за понатамошна интервенција на терен.
Извор: Каменица.мк
