Македонската пејачка ја соопшти страшната вест: Синоќа Горан загина во сообраќајна несреќа

Статус на Тања Царовска:

„Завчера се видов со моето другарче од детството од Ресен, Горан Струјата. Беше насмеан и ведар, како што го знаев отсекогаш. Многу дружби и лудувања сме поминале заедно.

Си мафнавме од далеку, сакав да го видам подобро, да си поприкажеме, но бев во брзање и помислив: тука сме, блиску, ќе се видиме пак деновиве.

Вчера Горан загина во сообраќајна несреќа на местото “Макази” во близина на Ресен. Животот е непредвидлив, пречесто забораваме дека можеби нема да има “друг пат”.

Лесен пат низ етерот, другарче, ќе те паметиме и ќе ни фали твојата насмевка и енергија!

Освен пораката да го зграпчиме моментот и да не одложуваме, имам порака до општина Ресен: Крајно време е сообраќајно подобро да се реши разделницата Макази! Премногу луѓе загинаа таму низ годиниве! Кружен тек на Макази, веднаш! Знаете дека е ужасно опасно! Доста е жртви!“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде