Најнова вест: Поранешен висок функционер опфатен во истрагата за нелегална набавка на деривати

ОЈО-ГОКК, БЈБ и МВР денеска направија координирана акција против поединци и компании кои тргувале со мазут. Се работи за мрежа на увозници кои тргувале со горива со сомнително потекло и квалитет, за потоа преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака да испумпаат 10 милијарди денари.

Попладнево уапсени беа бизнисмените Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски. Сепак, како што објави ТВ21, листата не застанува само на овие две лица.

На листата се наоѓа и екс директорот на ЕСМ и РЕК Битола, Васко Ковачевски, кој претходно е осомничен во случајот „Адитив“ за криминал тежок 6,5 милиони евра ри злоупотреба на јавна набавка за адитиви за горивата во македонските термоелектрани.

Телевизијата успеала да дојде до листата на останатите лица, а кои се погледнете во продолжение:

  • РАТКО КАПУШЕВСКИ
  • А. МУЧА
  • НИКОЛА СТОЈАНОВСКИ
  • ЕМИЛ ПЕЦАКОВ
  • МАРИЈА НЕШОВСКА
  • БЛАГИЦА МАРКОВИЌ
  • РУЖДИ РАМАДАНИ
  • ДУШИЦА СЕИЗОВСКА ЈОВАНОВИЌ
  • ДОБРИЛА СТЕФАНОСКА
  • ЕРЏАН СУЛКОСКИ
  • АСМИР ЈАХОСКИ
  • ДАНЧО СТОЈАНОВСКИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде