Доколку си пензионер со ниски примања, односно пензијата ти изнасува 22.640 тогаш ги исполнуваш условите да аплицираш на овој конкурс од општина Кисела Вода, за да добиеш 2 500 денари парична помош, но треба и да се жител на оваа општина.
Продолжуваме со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.
Со оваа мерка, финансиска помош ќе добијат сите пензионери кои примаат старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија и се жители на општина Кисела Вода,
а чии месечни примања не надминуваат 22.640 денари според јануарскиот чек за 2025 година – стои во објавата на социјалните мрежи од оштина Кисела Вода.
Од општината велат дека тие о покријат и персоналниот данок, кој не е пресметан во овие средства.
Нашите највозрасни жители, пензионерите, заслужуваат сигурност и достоинствен живот, а ние како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ да им го олесниме секојдневието.
Во изминатиот период воведовме бесплатен транспорт за пензионерите до здравствени и административни институции, проектот ,,Итно копче” кој овозможува брза реакција во итни ситуации, како и програмата за грижа и нега на повозрасните лица – пишува во објавата.
Од општината појаснуваат дека имаат и други планови за за подобрување на условите за живот.
Аплицирањето е започнато и ќе трае сѐ до исцрпување на средствата предвидени за оваа мерка.