Глетката беше страшна: Очевидец сведочи за страшната несреќа во која загина младо момче

„На 09.03.2025 околу 23.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Карбинци, на влез во с.Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(36) од с.Карбинци, излетал од патот и удрило во бетонски столб.

Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.“ – стои во соопштението од полицијата.

Потресени пред камерите на М-Нет телевизија беа и очевидците, кој со солзи во очите истакнаа дека глетката била страшна и многу тажна.

-Ударот беше страшен. Отидов да помогнам, зашто овде живеам близу до патот. Кога дојдовме, џипот стоеше, погледнав внатре и видов главата му беше целата во крв. Брзата помош го зема возачот, а другиот не мрдаше. Возачот е жив, совозачот почина. Глетката беше ептен тешка, еднаш го погледнав и не можев повеќе, изјави очевидец, жител на Карбинци.

Ова е втора сообраќајна несреќа за само четири дена во Исткот од државата, со трета жртва. Во петокот на експресниот пат Штип Кочани, кај село Тркање во директен судир животот го изгубија две лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде