ОГРОМНА ТАГА: Познат идентитетот на лицето кое загина во страотна несреќа кај Битола

Во сообраќајката која се случи на патот Битола-Ресен загинал 47-годишниот Г.А. од Ресен, информираа од Секторот за внатрешни работи Ресен,

за кој првично беше соопштено дека е на возраст од 46 години, без детали за неговиот идентитет.

Тој починал на лице место.

Несреќата се случи кај место викано „Голема кривина Макази”, а во истата учествуваа три возила „фолксваген голф” со ресенски таблички управувано од починатиот, возило „пежо 2008″ со битолски таблички,

управувано од 51-годишниот М.К. од Битола и возило „бмв” со ресенски таблички, управувано од 47-годишниот Д.А. од ресенското село Асамати.

Со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговата сопатничка Ш.А. (47) од Асамати. Телото на починатиот е дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде