Почина Ванчо Димитров, иноватор од Кочани, добитник на Гран-при на Светската изложба на иновации Еурека во 1996 година во Брисел за пронајдокот „Систем за апсорпција на издувни гасови“.
Пронајдокот дава одговор за тоа како на безбеден начин да се реши испуштањето штетни издувни гасови од автомобилите и фабричките и други оџаци и да се спречи загадувањето на воздухот и животната средина.
Неговата идеја, како што ќе рече самиот, е да се спречат загадувачите кои неконтролирано ја дестабилизираат климата и го доведуваат во прашање опстанокот на светот.
Димитров имаше и други иновации, а една од нив за расадување на ориз е патентирана во Кина.
