Еден човек вечерва е повредено во сообраќајна несреќа кај кавадаречкото село Раец, потврди за МИА доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци.
– Лицето било приклештено во камион и извадено од пожарникари.
По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов.
Биљана Ѓаковска, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Велес, исто така, потврди за МИА дека се случила несреќа на магистралниот пат Градско – Прилеп кај Раец, меѓу две товарни возила.
Таа додае дека во тек бил увидот на лице место и засега не може да каже повеќе детали.
Речиси на истото место на патот Градско-Прилеп претходно денеска се преврте и камион со скопски регистарски таблички, а возачот и совозачот беа извлечени неповредени од страна на минувачи и на жители на селото Раец.
Фото: МИА