Сообраќајна несреќа се случила вчера во 19.30 часот во с.Велгошти, охридско помеѓу патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки,
управувано од Д.Ш.(24) од с.Велгошти и мопед „лонгиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца.
Од МВР информираат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот,
а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот Д.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница – Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.