Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања.
Во соопштението се вели:
„Денеска се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за:
– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација-деловен план.
– мерка 2 – Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари.
Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година се изврши исплата за:
– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки) од увоз или од признати организации согласно законот за зоотехника, набавени во период од 01.10.2023 до 30.09.2024 година, денес се исплатени вкупно 2.615.584,00 денари.
Воедно се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.
Вистинската грижа кон земјоделецот продолжува.“