Голем камион денеска се преврте и падна во дол на патот Кавадарци-Прилеп, кај селото Раец,
а возачот и совозачот се извлечени од минувачи кои биле сведоци на несреќата и запреле да помогнат, како и од мештани на селото.
На снимка, која на порталот „24инфо“ му ја испратил читател, се гледа како возачот и совозачот се извлечени од превртениот камион со скопски регистарски таблички.
За среќа, тие не се повредени.