Почина познатиот актер – сите ќе го паметат по оваа легендарна серија

Познатиот американски гласовен актер Дејв Мелоу, најпознат по улогата на Бабу во култната серија „Mighty Morphin Power Rangers“, почина во вторникот во дом за стари лица.

Според TMZ, Мелоу ги поминал последните денови во дом за стари лица во Алтадена, Калифорнија.

Неговото здравје веќе некое време се влошувало, а според неговиот поранешен колега, иако веста за неговата смрт е тажна, тоа не било неочекувано.

Покрај неговата улога во Power Rangers, Мелоу беше познат и по неговата работа на популарната франшиза Digimon, каде што синхронизираше бројни ликови во англиската синхронизација.

Тој исто така има напишано и режирано многу анимирани проекти, а неговиот глас може да се слушне во бројни видео игри, вклучувајќи ги World of Warcraft: Legion, Tales of Vesperia: Definitive Edition и Diablo III.

Со смртта на Дејв Мелоу, светот на анимацијата и гејмингот загуби уште еден легендарен уметник чие дело ќе го паметат генерации обожаватели.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде