Охриѓани на социјалните мрежи се простуваат од Дејан Костојчиноски, познат нуркач и вљубеник во адреналинот и неговиот Охрид, кој ненадејно почина во текот на вчерашниот ден, пренесува Охридпрес
Ќе се сеќаваат на него како на позитивен и дружељубив човек, секогаш подготвен да помогне.
– Прерано не напушти другар. Останаа многу нуркања многу проекти. Ништо нема да биде исто без тебе.
Почивај во мир, порачаа од Клубот за Подводни Дејности „Охрид“.
Друга негова љубов беше и возењето џипови по околните планини, заедно со колегите од OffRoad клубот од Охрид, кои исто така, со неверување, се простија од него.
Погребот на Костојчиноски е утре, четврток, 13-ти март 2025 година, на Градските гробишта во Охрид, во 14:00 часот.
