Денеска ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и во сабота во текот на денот. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).
Прогноза за 14.03.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 19°C до 26°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Прогноза за 15.03.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 20°C до 28°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Прогноза за 16.03.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 24°C
Променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.