Тажната вест брзо се прошири: Почина познатиот македонски доктор

На 80-годишна возраст почина истакнатиот ортопед проф. д-р Глигор Џолев, соопшти семејството.

Професор д-р Џолев е роден 20.07.1944 година во Струмица и целиот свој живот го посвети на медицината, несебично помагајќи им на своите пациенти со стручност, човечност и искрена грижа.

Од 1972 година до 2009 година работеше, и своевремено бил Директор, на Ортопедската клиника во Скопје, како и редовен Професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Покрај својата кариера, проф. д-р Џолев беше столбот на своето семејство – посветен сопруг, грижлив татко и горд дедо, како и пријател на голем број Скопјани.

Со својата мудрост, добрина и благородност остави неизбришлива трага во животите на најблиските.

Погребот на проф. д-р Џолев ќе биде извршен на 15 март, во 11 часот на гробиштата Бутел во Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде