ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Во тек е голема спасувачка акција во Македонија

Во тек е спасувачка акција за извлекување на две лица од водите на Мавровското Езеро. Нивниот чамец се превртел, а силната водена струја ги носи кон хидроцентралата.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека двете лица ќе се извлечат со полициски хеликоптер, затоа што локалните служби немаат чамци, а водите се разбранувани поради силниот ветер.

Преку единствен број за итни повици 112 во 12.37 часот на ден 15.3.2025 година од страна од случаен минувач е добиена информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро. Лицата во моментот се држат за чамецот и самата струја ги носи кон хидроцентралата“, извести Ангелов.

Од наша страна веднаш е стапено во контакт со Диспчерскиот центар на ЕЛЕМ и со директорот на ХЕЦ Маврово, додаде тој.

„Известен сум дека немаат исправен чамец. Известено е одговорното лице од Ренџерската служба од Националниот парк Маврово, кој одговори дека имаат чамец. Но, поради силниот ветер во Мавровското Езеро има бранови и луѓето не се специјализирани за спасување во води , па има потенцијална опасност да ги загрози и своите вработени“, додаде Ангелов.

Во истиот момент преку РЦУК Тетово се известени ПС Маврово, ДЗС Гостивар, Општина Маврово и Националниот парк.

„Испратено е барање до ДЗС за ангажирање на чамец и специјализиран тим за спасување во води. Исто така од наша страна испратено е барање до МВР за нивна проценка и ангажирање на специјален тим со чамец или со хеликоптер, со цел да се спасат двете лица во Мавровското Езеро.

Известен е директоторот на ХЕЦ Маврово привремено да го запре производството на електрична енергија, како би се избегнале струите во езерото. Од страна на Раководителот на СОК сум известен дека ќе биде ангажиран хеликоптер со лица од спцијална единица Тигри, а чамецот ќе биде обезбеден од страна на одговорното лице од Ренџерите во Националниот парк Маврово. Во тек е координативната акција за спасување на двете лица во превртениот чамец. За сите дополнителни информации ќе бидете известени“, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде