Ноќеска во дискотекa во Кочани се случила огромна трагедија во која животот го загубиле десетици лица.
Избил пожар во дискотеката „Пулс“ за време на настап на групата ДНК. Присутни биле 1.500 гости, претежно млади лица.
Директорката на кочанската болница доктор Кристина Серафимова за Слободен печат рече дека починати има, но дека јавниот обвинител ѝ забранил да каже колку.
Неофицијалната бројка е над 50 лица. МВР и Обвинителството од кои побаравме информации уште немаат одговорено.
–Од повредените околу 60 пациенти се препратени за Штип во таа болница, а кај нас 30 се задржани, ни рече директорката.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Кочани, а премиерот Христијан Мицкоски е на пат кон местото.