Крешник Бектеши повикан на распит

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е повикан разговор во полиција, дознава Плусинфо. Бектеши е повикан на распит во полициската станица во Карпош.

Како што објавивме претходно, додека тој бил министер за економија, тогашната државна секретарка на Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, потпишала фалсификувана лиценца за работа за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.

И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека дискотеката „Пулс“ работела со фалсификувана лиценца.

Приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во дирекцијата. Легална лиценца за работа оваа фирма нема.

И оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија е поврзана со мито и со коруција. За разлика од претходно, сега имаат име и презиме тие кои се вклучени во нелегалното изгавање на лицени и ќе одговараат – рече Тошковски и додаде дека се истражуваат две фалсификувани лиценци, издадени во 2024 година.

Фалсификуваната лиценца била издадена во времето кога министер за економија бил Крешник Бектеши од ДУИ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде