Македонија утрово во шок: Неофицијални информации за над 50 загинати во големиот пожар во Кочани

Најмалку 50 жртви има во големиот пожар што избувнал во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

на настап на популарна македонска група, на кој присуствувале 1500 посетители, објави Плусинфо“.

До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Кочани, а премиерот Христијан Мицкоски е на пат кон местото на трагедијата.

Наскоро се очекуваат првите официјални информации од местото на несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде