Премиерот Христијан Мицкоскина прес-конференција во Владата најави дека од утре ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.
На новинарско прашање дали ќе поднесе оставка, рече дека се додека не ги порази сите овој корумпиран систем, нема да поднесува оставка, а за кредибилитетот на еден политичар ќе се види на избори.
-Од утре почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе најдеме стотици, десетици… Милиметар да недостасува ќе бидат затворени, тука нема да има милост кон никого, рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека објектот кадешто се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.
-Со сиот ризик дека можам да влијаам на истрагата, еве вака изгледа лиценцата – потпишана од тогашниот државен секретар. Но истата лиценца изгледа и вака – Само разликата е во тоа што првите два броја што во првиот случај се 51, а во вториот се 15, под истиот архивски број, а замислете, таму е заведен документ дека е комуникација со странски инвеститор, а сопственикот на локалот ги има овие документи, рече Мицкоски, поажувајќи ги пред новинарите двата докуемнта.
На новинарско прашање, потврди дека станува збор за лиценца за кабаре.
На прашањето пак, иако станува збор за фалсификувана лиценца, нејзината важност завршила два дена пред да се случи пожарот, Мицкоски рече дека тоа е во зависност кога влегла во сила но архивскиот број е од 13.03,2024, што, како што, рече значи дека на 14.03.2025 таа била истечена.