Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА.
Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.
Бројот на повредени во пожарот во дискотека во Кочани е голем и го надминува капацитетот и можностите на болницата во градот, па дел од нив се префрлен во Штип и во Скопје.
Неофицијално, полицијата ги приведува на информативен разговор сите кои на било кој начин се поврзани со организирање на настанот.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа нна местото на нестреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата.
Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.