Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на било каков начин се поврзани со организацијата на трагичниот настан во приватната дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што објавија дел од медиумите, до сега се приведени десетици лица, кои биле поврзани со организирањето на концертот на ДНК во оваа приватна дискотека. На терен е и министерот Панче Тошковски, заедно со раководството на Министерството за внатрешни работи.
Најмалку 50 жртви има во големиот пожар што избувнал ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на настап на популарна македонска група, на кој присуствувале 1500 посетители, дознава Плусинфо од полициски извори.
Порталот пишува дека глетката на местото на несреќата била стравична – на сите страни изгорени тела на млади луѓе. До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства. Во болницата во Кочани се примени десетици повредени лица.
Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат 20,50 и до 100 жртви.
Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК.Повеќе информации во текот на утрешниот ден. – јавува Радио Кочани.